БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ НА АНСАМБЛ „ВОКАЛИ“

БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ НА АНСАМБЛ „ВОКАЛИ“

Во прекрасниот простор на дворот на Културниот центар Магаза се одржа концерт на ансамблот „Вокали“. Гостите уживаа во акапела настапот кој понуди богата програма.
Ансамблот “Вокали” е формиран 2010 година од младите и истакнати солисти Гонца Богоромова – сопран, Надежда Рубен – сопран, Кристијан Антовски – баритон,  Игор Гиновски – тенор и Андреј Наунов – бас и пијано.
Своето деби го имаат на фестивалот Денови на македонска музика 2010 год.
На репертоарот на ансамблот посебно место имаат композициите од богатата македонска вокална ризница, првенствено негувајќи го А- капела стилот, но и светски познати џез стандарди, мјузикл  и филмски теми, познати евергрини и шпански сефардски песни.
Ансамблот “Вокали” брои многу настапи на културните манифестации низ Македонија: ДММ, “Скопско лето” ,“Денови на еврејската култура во Македонија” , “Охридско лето” и се’ секогаш успешно и позитивно проследени како од публиката така и од музичката критика. Ансамблот има и голем број на успешни настапи во земјите од соседството.
Ансмаблот “Вокали”  како состав е единствен од ваков вид во земјата.