БИТФЕСТ 2013- КОНЦЕРТ НА ПОПУЛАРНА МУЗИКА „ЗА МОЈА БИТОЛА“

БИТФЕСТ 2013- КОНЦЕРТ НА ПОПУЛАРНА МУЗИКА „ЗА МОЈА БИТОЛА“

Во исклучителниот простор на Пациото во Завод и Музеј, се одржа концерт на популарна музика насловен „За моја Битола“. Исклучителниот проект направен само за Битола придонесе да се побара место повеќе во неповторливиот простор за овој концерт. Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Ламбе Алабаковски, Ирена (Памперс) и Виолета Томовска – најпопуларните пејачи од Битола во живо ги пееја најпознатите песни испеани за Битола, а беа придружувани од камерниот оркестар од Битола под диригентска палка на Сашо Татарчевски..
Битола е роден крај на сите изведувачи кои пееа староградски и други популарни песни за Битола. Со громогласни аплаузи од страна на публиката беа поздравени изведувачите Како што кажа водителот на манифестацијата – Митко Апостоловски, синоќа центарот на светот беше Битола, барем за битолчани.