БИТ ФЕСТ:ФЕСТИВАЛ НА ОЛДТАЈМЕРИ

БИТ ФЕСТ:ФЕСТИВАЛ НА ОЛДТАЈМЕРИ

Добра забава, проследена со рокенрол и одлични автомобили денеска се одржа на плоштадот Гоце Делчев во Битола. Изложбата на олдтајмери е дел од фестивалот на олдтајмери, односно автомобили кои се постари од најмалку 30 години од неколку македонски градови, како и гости од Србија. Како и минатата година и годинава програмата поминува одлично со над 40 возила.
Фестивалот на олдтајмери е дел од програмата на БИТ ФЕСТ 2013, а во организација на Здружението на љубители на стари возила „Олдтајмер клуб ретро фрикс“ од Битола.