БИТ ФЕСТ: „ПАРЧЕ ДУША“ – МУЗИЧКО СЦЕНСКИ НАСТАП

БИТ ФЕСТ: „ПАРЧЕ ДУША“ – МУЗИЧКО СЦЕНСКИ НАСТАП

Во Културниот центар Магаза се одржи сценскиот настап – македонска поезија со музика, во изведба на Љупчо Тодоровски – Упа. „Парче душа“ е проект на говорење поезија на големиот Блаже Конески.
Намерата на изведувачот е „преку рецитирањето повторно да си го завземе своето место, да ја поврати публиката и состојбите на душата што тоа, рецитирањето ги предизвикувало. И за некоја години да се одржи масовно државно првенство во рецитирање“, вели Тодоровски

Изведувачот, Љупчо Тодоровски-Упа, дипломиран актер, студирал и југословенска книжевност со македонски јазик и оттаму произлегува неговата почит и страст кон јазикот наш и поезијата, како и способноста и знаењето за интеракција со младата публика.