„Зад филмската камера“ -Работилница за филм

„Зад филмската камера“ -Работилница за филм

 
Во малата сала на Центарот за култура се одржа работилницата за филм насловена „Зад филмската камера“. Настанот го организираше здружението Фото кино клуб Битола. На работилницата се зборуваше за перцепцијата на филмската слика, филмската фотографија, актерскиот портрет, анатомија на лице и светлосна композиција и слично. Предавачи беа: М-р Горан Наумовски, Декан на факултетот за сценски дизајн УАУ ЕФА ЕСРА и асистентот Тони Стојановски од ЕСРА Скопје.