На изложбата на везови од мариовскиот крај „Ресачка“беа презентирани 20 рачно извезени македонски народни везови. Носители на изложбата се членовите на ЕТНОКРЕАТИВ ЈП & ПЈ : Јулијана Петровска и Павлина Јовановска креативци со долго кретивно искуство.
Етнокреатив ЈП & ПЈ е силно мотивиран тим кој со своето повекегодишно искуство и ентузијазам има реализирано бројни групни и индивидуални изложби , креативни работилници, презентации и промоции на македонскиот фолклор и традиција
Изложбата во организација на Етнокреатив Битола се одржа во петокот на 2 август во Културниот центар Магаза.
