Матицата на иселениците од Македонија, Светскиот Македонски конгрес, Сојузот на македонците од Егејот Македон во соработка со повеќе здруженија на граѓани и општина Битола денес во потпелистерското село Трново по 42 пат ја одржаа Светската семакедонска илинденска средба.
На средбата се обратија: пратениците во Собранието на Република Македонија Милорад Додевски и Павле Саздов, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, заменик министерот во МЗШВ Зоран Коњановски и други.
Се обрати и покровителот на средбата, Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески.
„Од Битола повикувам сите македонци, обединети како едно ткиво да се бориме за иднината на идните генерации и поколенија. Битолскиот регион како најпечалбарски крај во Република Македонија со најмногу иселеници во европските и прекуокеанските земји сега има најдобри услови за инвестирање, ве повикувам да се вратите дома, дојдете си дома и планирајте го своето семејство и својот живот во Битола, во Македонија“- рече Талески.
Средбата продожи во духот на македонската песна која ги сплоти присутните и придонесе да посакаат повторно да дојдат во Трново на 43 Светска семакедонска илинденска средба.