БИТ ФЕСТ: СЕРЕНАДА – МАДИТЕРАНО НА ШИРОК СОКАК

БИТ ФЕСТ: СЕРЕНАДА – МАДИТЕРАНО НА ШИРОК СОКАК

Во Пациото на Завод и Музеј, пред публика од над 1000 гости, како дел од програмата на БИТ ФЕСТ се одржа фестивалот на староградски песни „Серенада на Широк сокак – медитерано“. На фестивалот учествуваа 16 интерпретатори и групи кои пред битолската публика ги претставија своите хитови од серенадата. Исклучителен настан исполнет со многу моменти кои биле дел од серенадите низ битолските улици.

„Половина деценија паузираше пред се заради финансиски проблеми, а и годинашната серенадата ќе беше под знак прашалник ако не ја добиеше поддршката од Општина Битола и покровителот на “Битфест“, градоначалникот Владимир Талески. Организаторите уште отсега го осмислуваат следното издание за кое имаат големи планови и надежи, вели Борче Никодиновски, организатор на овогодинешната серенада.