ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ“ НА БИТ ФЕСТ

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ“ НА БИТ ФЕСТ

 
Во прекрасниот автентичен и акустичен простор на Пациото во Завод и Музеј, во рамките на БИТ ФЕСТ 2013 гостуваше Нишкиот народен театар со премиерната изведба на театарската претстава „Сомнително лице“ работена според текстот на Бранислав Нушиќ, а во режија на Саша Габриќ.
Делото во два чина Сомнително лице (напишано 1888, за прв пат одиграно 1923) е приказна за потрагата по сомнителното лице во едно гратче. Тоа е поводот во неколку ситуации да се прикаже комичната малограѓанска глупост и тривијалниот политички цинизам. Нушиќ го создаде типот на локалниот капетан Јеротие, чиј сув рационален однос кон се што постои, неукиот цинизам и моралната нискост, создаваат парадоксални комични ситуации. Важен елемент во оваа политичка комедија е вербалната комика каде играта со зборови и досетки, писмата и шифрираните пораки се од пресудна важност за текот на дејствието и за обележување на типови и лица што донекаде ја „омекна“ сатирички интонираната комедија за една во суштина гротекстно видена власт, луѓето во неа и околу неа.
Саша Габриќ дејствието во неа го поместува во 1991 година и го сместува во едно мало гратче на југот од Србија, токму на денот кога Македонија станува самостојна држава…
Театарската претстава „Сомнително лице“ предизвика голем интерес и воодушевување кај публиката.