БИТ ФЕСТ: ИЗЛОЖБА „ТРАГИ ВО ВРЕМЕТО“

БИТ ФЕСТ: ИЗЛОЖБА „ТРАГИ ВО ВРЕМЕТО“

  
Драган Најденовски, Владимир Симоновски и Стефан Малбашиќ повторно излагаат заедно не само заради одржување на нивната специфична творечка енергија, туку и заради остварување на своевидната историска ликовна симбиоза сеуште постојано присутна од групата ВДИСТ, 77 па до нивната 3Г.
Со најновата изложба на групата 3Г, повторно се раѓа нов оптимизам, дека наспроти се ликовниот израз, ликовното опстојување, е тука, живо присутно и во сериозно премостување со иднината, каде што сепак, најверојатно е сместен вистинскиот живот, живот во кој слободно расцветува ликовноста, среќата на творештвото…