Во првиот натпреварувачки ден, во Центарот за култура се одржа фестивал на вокални солисти, поделени во три возрасни категории. На 17-ти август исто така во Центарот за култура од 20.00 часот се одржа Гала вечер, каде беа доделени награди и признанија, збогатено со изведба на најдобрите песни според мислењето на шестчленото меѓународно жири.
На манифестацијата учествуваа солисти и делегации од: Македонија, Јапонија,Романија, Малта, Бугарија, Србија, Босна и
Херцеговина, Словенија, Полска, Албанија, Украина и Косово.
Ова е единственипт детски фестивал на овие простори кој се одржува во ЖИВО и кој собира таленти од целиот свет. Исто така, овој фестивал е репрезент на нашиот град и Републиката на многу значајни манифестации ширум светот, со голем број награди освоени од нашите претставници.
Темата на овогодинешната манифестација е ЈАС ЈА САКАМ БИТОЛА.