БИТ ФЕСТ – БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД: ТРКА НА ШТИКЛИ

БИТ ФЕСТ – БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД: ТРКА НА ШТИКЛИ

Во рамките на фестивалот „Битола отворен град 2013“  на Широк сокак во Битола синоќа се одржа трката на штикли во организација на Младинскиот културен центар – Битола.
Годинава трката е национална односно учествуваат девојки од Битола, Струга, Велес, Скопје и Прилеп.
Услов за учество во трката беше висината и ширината на штиклите кои не смеат да бидат пониски од 8 сантиметри и пошироки од 2 сантиметри. Трката ја оценуваше тричлено жири во состав на: м-р Владимир Талески, градоначалник на Битола, Љубица Ангелкова Манговска, програмски директор на ТВ Тера и Сашо Додовски, директор на МКЦ Битола.
Трката на штикли се одвиваше во две полуфинални и една финална трка. Трите најбрзи девојки ги добија следните награди: парична награда од 8.000 денари за првото место, 5.000 денари за второ и 3.000 денари за третото место. Воедно, како награда им беа доделени чевли и вредносни ваучери за чевли од повеќе битолски продавници кои ја поддржаа трката.
Најбрза во трката на штикли беше Катерина Михајловска од Битола на која наградата и ја врачи Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.
МКЦ Битола најавува дека догодина трката на штикли ќе прерасне во меѓународна.