ЗАВРШИ ОСМОТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО БИТ ФЕСТ 2013

ЗАВРШИ ОСМОТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО БИТ ФЕСТ 2013

Со настап на „Токму така“, „К-15“, „Мадригали“ и Дадо Топиќ во саботата на вечер беше затворено осмото издание на најдолгото и најбогато со содржини културно лето во Република Македонија, БИТ ФЕСТ 2013.
Групата „Мадригали“ одбележувајќи 40 години од своето основање потсети на големите рок хитови на македонската музичка сцена од 70 –те години. Над 2500 гости во Хераклеа уживаа во прошетката низ времето со вечните хитови на групата „Мадригали“: „Македонски рок“, „Зошто човек сум мал“, „Здраво млади“, „Моја Битола“, Плати една дупла и мрш да те нема“…
Дадо Топиќ ја изрази својата голема љубов и почит кон македонската публика, пеејќи ги заедно со неа големите хитови „Македонија“,„Елизабет“, „Дали знаш да те волим“…
Фестивалот го затвори покровителот на најдолгото и најбогато со содржини културно лето БИТ ФЕСТ 2013, Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески, најавувајќи, дека  уште во понеделник започнува подготовката на уште побогатата програма за следното издание на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2014.
Во изминатите два месеци битолчани имаа можност да проследат 242 културни содржини, меѓу кои голем број фестивали, театарски претстави, изложби, концерти на класична, поп, рок, етно, светска и амбиентална музика, детска прогорама, литературни проекти и многу други настани кои придонесоа за голема посетеност од страна на публиката и интерес поголем од кога било досега.