БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ „ЗЛАТНИ ГОДИНИ“ РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ „ЗЛАТНИ ГОДИНИ“ РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

Во рамките на Бит фест во организација на почесниот хрватски Конзулат и македонско хрватското друштво Марко Марулиќ -Битола во соработка со општина Битола, во КЦ Магаза се одржа концерт на ансамблот „Златне године” од Република Хрватска.
Aнсамблот доаѓа од Велика Горица.Составен е од членови вљубеници во добриот музички звук, кои емоции ги пренесуваат на публиката каде и да се настапуваат.
Одржуваат концерти на сите позначајни манифестации во градот, традиционални културни лета низ Хрватска .
Освен тоа доста се активни и надвор од Хрватска.
Нивното постоење го одбележуваат концертите и гостувањата во Унгарија, Босна и Херцеговина, Албанија и многу други земји.

Насекаде ја пренесуваат пораката – за љубовта кон својот крај, кон својата земја, нивната традиција и вредностите кои треба да се почитуваат.
Нивните концерти отвараат нови патишта на соработка со народите ширум светот.
Во Македонија гостувале и претходно и тоа на Охрид фест во 2009 и 2010 тата година, кога ја освојуваат втората награда.
Гостуваат повторно во 2012 во Скопје и Битола каде настапуваат во католичката црква Пресвето Срце Исусово заедно со машкиот хор од Петриње- Хрватска.
Музиката која ја изведуваат има широк дијазапон -од класична до традиционална и народна, обработки на популарни хрватски напеви како и обработки на песни од други народи .
Ансамблот Златни Години е под диригентска палка на Синиша Белошевиќ.