БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА МАЕСТРО БОРИС ХРИСТОВ

БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА МАЕСТРО БОРИС ХРИСТОВ

Во Концертната сала  на Завод и Музеј се одржа концерт во чест на Маестро Борис Христов, насловен „ПОКЛОНУВАЊЕ ПРЕД МАЕСТРО БОРИС ХРИСТОВ“, а во организација на музејот „Борис Христов“ и Бугарскиот културен центар во Република Македонија. На концертот настапија:Пламен Бејков – бас, Александар Носиков – бас, Бурана Ламбрева – клавир. Концертот е посветен на 100 годишнината од раѓањето на Борис Христов, а настанот е дел од календарот на УНЕСКО.