БИТ ФЕСТ:СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА МАРИЈА НАУМОВСКА

БИТ ФЕСТ:СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА МАРИЈА НАУМОВСКА

Во Концертната сала на Завод и Музеј се одржа солистички концерт на Марија Наумовска.
Марија Наумовска (сопран) е родена 1986 година во Битола. Со музика започнува да се занимава на свои 8 години. Завршува нижо музичко училиште во Битола отсек-пијано во класата на Проф. Људмила Божиновска, а потоа го продолжува средното музичко образование отсек-соло пеење во класата на Проф. Пеце Митревски и Проф. Магдалена Наумоска каде достигнува голем успех во многубројните организирани концерти. Успехот го продолжува на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, во класата на Проф. М-р. Славица Галиќ-Петровска со уште позасилено работно темпо за постигнување на што подобар успех на тоа поле. Дипломира на Ф.М.У во Скопје со фантастичен дипломски испит отценет со (Cum Laude). Своите магистерски студии ги заврши во 2012 година на Ф.М.У во класата на истата професорка.  Како солист има настапувано со хоровите при: “Драган Шуплевски“, “Св. Климент Охридски“, “М.К.Ц“ и оркестарот “Арко“. Од фестивалите се: Бит-Фест, Езерски бисери – Струга, Скопско лето, Охридско лето, Штипско лето, Прилепско лето, Радовишко лето и други.  Има освоено повеќе први државни награди.  Посетувала повеќе семинари по соло пеење во државите: Босна и Херцеговина, Германија и Франција. Во Македонската Опера и Балет има настапено со улогите: Прва дама – “Волшебната флејта“ – В.А.Моцарт и Серпина – “Слугинка господарка“ – Џ.Б.Перголези. Во нејзиното работно искуство се вбројува и професорската дејност како професор по соло пеење во Државното музичко училиште – Битола. Моментално е вработена во Македонската Опера и Балет – Скопје.