ОБЕЛЕЖАНИ 65 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА БИТОЛСКАТА БИБЛИОТЕКА

ОБЕЛЕЖАНИ 65 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА БИТОЛСКАТА БИБЛИОТЕКА

 

   Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“обележа дав големи јубилеја, 65 години од основањето и 150 години од првото читалиште во Битола.
Градоначалникот Талески ги поздрави присутните и им го честита јубилејот истакнувајќи дека општината стои за секаков вид на соработка и во иднина.На свечаноста беа промовирани две нови книги „Водич низ периодиката на НУУБ „Климент Охридски“ на авторите Лидија  Мирчевска и Милка Котевска  и книгата „Библиотеките во Битола“ за која автори се директорот на библиотеката Науме Ѓеоргиевски и пратеничката Анета Стефановска.