БИТ ФЕСТ

БИТ ФЕСТ

 

   Градоначалникот Талески го најави почетокот и програмата на Битолското културно лето ,,Бит Фест 2007,,, кој се отвора на 22 јуни со мјузиклот ,,Хераклеја и Ликиниј,, во античкиот локалитет Хераклеја. Богатата програма на годинешниот Бит Фест, покрај потврдени уметници од Македонија вклучува и уметници од Јапонија, Грција, Австралија Бугарија и  поранешните југословенски простори. Бит Фест ќе трае до 25 август а ќе го затвори Владо Јаневски со концерт во Хераклеја.