Во Античкиот театар Хераклеа со концертот „Македонски рози“ и огромен огномет се отвори третото по ред Битолско културно лето „Бит фест 2008“ годинава во рамките на националната манифестација БИТОЛА ГРАД НА КУЛТУРАТА. Покровител на настанот е Градоначалникот Владимир Талески кој го отвори Бит фест 2008 и најави богата културна програма.
