Петтото издание на БИТ ФЕСТ, започна со концерт кој ја воодушеви битолската публика. Френетични аплаузи, два биса и овации, е начинот на кој битолчани ги поздравија виртузоните Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов, Гордана Јосифовска и Биг Бендот при ФМУ Скопје.
Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на ова најдолго и најсодржајно културно лето во земјата, Градоначалникот на Општина Битола, Г-динот Владмир Талески.
Годинава БИТ ФЕСТ започнува на 26 Јуни, и трае се до 27 Август.Во програмата се предвидени преку сто и дваесет поединечни содржини од класичната музика, театарот, поезијата, етно, џез, и рок, музиката, ликовната уметност и други алтернативни содржини.Партнери во фестивалот се националните институции од културата НТ Битола , НУУБ Св.Климент Охридски, Центар за култура, НУ Завод и Музеј.
Во рамките на БИТ ФЕСТ, поддржани се и летните фестивали„Солстис“, Локум Фест“, АКТО, Битола отворен град, Шут Фест и други фестивали од независната сцена.
Како увертира во БИТ ФЕСТ, неколку денови пред свеченото отворање се случуваше , Празникот на музиката „Солстис“, а во старата турска Магаза, беше отворена и изложба на фотографија на познатиот фотограф Наце Попов
Веќе од денеска следат нови атрактивни содржини како концерти на КУД„Стив Наумов“, Маџиров џез секстет, Љубојна, и др.