Општина Битола во рамките на КАРДС проектите програма за соседство ќе го реализира проектот „Поврзување и промоција на културата и туризмот на Флорина и Битола” финансиран од Европската агенција за реконструкција.
На свечаното отварање на проектот беа присутни: Градоначалникот Владимир Талески, НЕ Владимир Солоцински Амбасадор на Руската Федерација во РМ, Стефанос Папанастасију – Градоначалник на Флорина, РГрција, Димитрис Курас претставник на Периферијата на Западна Македонија со седиште во Кожани Р.Грција, претставници на ЕАР, УНДП, УСАИД, конзиларните претставништва во Битола, бизнис секторот, здруженијата на граѓани, туристичките агенции и угустителски објекти и др. гости
Носител на проектот е Општина Битола партнер Периферијата на Западна Македонија со седиште во Кожани а крајни корисници градовите Битола и Флорина.
Главна цел на проектот е промовирање и поврзување на културата и туризмот помеѓу овие два града преку изработка на прекугранична стратегија за развој на туризмот, поставување на инфо киосци, изработка на веб страна, изработка на ДВД филм, изработка нa информативни материјали.. Проектот ќе трае до март 2009год. и е во вредност од 250.000,00 евра од кои 10% е учество на Општината.