БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ

БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ

 

Во рамките на БИТ ФЕСТ 2013 во Битола ќе се одржи првото издание на интернационалниот Битола Шекспир фестивал. Во периодот од 19.07 – 25.07.2013 година во рамките на фестивалот ќе се одиграат театарските претстави: „Ромео и Јулија“ – заеднички проект на НУ Народен театар – Битола, театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Русија, Македонската опера и балет и фестивалот „Охридско лето“, Бура – Lit Moon Theatre Company California SAD, Хенри VI – прв дел, српско народно позориште, Хенри VI – втор дел Национален Театар Тирана Албанија, Ричард III Национален театар Пекинг Кина, Крал Lir-WILD AND VOGEL театарска компанија со луѓе и кукли, Lajpcig, Germanija, Otelo-Dood Paard – театарска компанија Амстердам, Холандија, Магбет – мини театар Љубљана. Идејата за ваков фестивал од големо значење потекна од директорот на НУ Национален театар Битола и претседателот на управниот одбор, а фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.
Овој фестивал е уште една потврда за големите успеси на Битола во областа на културата, фестивалските програми и културното наследство, за што сведочат и голем број интернационални признанија:
„Максимално ќе го поддржиме овој концепт. Ќе дојдат светски уметници, светски актери, режисери, сценографи, композитори, музичари, новинари. Сето тоа ќе придонесе за афирмација на Битола, на Македонија, на нешто што долго трае и ќе трае вечно – театарот. Сите светски наслови потпишани од големиот генијалец Шекспир во моментот кои што имаат театарска форма ќе се обидеме да ги донесеме во БИТ ФЕСТ. На тој начин и БИТ ФЕСТ го збогатуваме. Овај фестивал е новина, новина која што ќе ја негуваме и максимално ќе го збогатиме неговиот концепт“, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.
Веќе е подготвена и новата веб страна на која ќе можат да се добијат сите податоци за фестивалот како и тековната програма на Народниот театар Битола.