НОВА ВИП СОБА НА ИНТЕРНО ОДДЕЛЕНИЕ ВО КЛИНИЧКА БОЛНИЦА БИТОЛА

НОВА ВИП СОБА НА ИНТЕРНО ОДДЕЛЕНИЕ ВО КЛИНИЧКА БОЛНИЦА БИТОЛА

 

Продолжува осовременувањето на Клиничката болница во Битола. Покрај новата и современа опрема која ја доби оваа установа преку Министерството за здравство, денес свечено беше пуштена во употреба и новата ВИП соба на Интерно одделение.
ВИП собата технички ќе се доопремува, а со поддршка на македонско австралиското здужение собата ќе биде опремена и со современа апаратура. Пациентите кои ќе се лекуваат во оваа соба ќе имаат исклучително добри услови. Градоначалникот Талески ги најави и идните проекти кои ќе се реализираат во соработка со Општина Битола.
 
„Пред неколку месеци општината се вклучи во санирање на амбулантите на клиничката болница, имаме доста интервенции во делот на гинекологија и неонатологија, но со директорот се договараме за една друга интервенција. И покрај тоа што Владата на Република Македонија, преку Министерството за здравство донира и носи голема опрема во клиничката болница и за скоро ќе бидите сведоци на изградба и внесување на акцелератор по барање на граѓаните и се разбира стручната служба на Клиничката болница затоа што има многу болни кои што патуваат дури до Скопје за неколку минути зрачна терапија, тоа ќе биде овозможено овде во Битола за многу скоро. Целата документација пред само некој ден е донесена во Општина Битола и ние ќе го издадеме одобрението за градба. Ме радува фактот што се повеќе фирми се вклучуваат во реконструкција на најважните институции како што е Клиничката болница. Со директорот денес имаме уште една важна активност, се договараме за уредување на дворот на Клиничката болница, паркинзите, целиот простор околу болницата“, изјави Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески.