Турски бизнисмени денеска ја посетија Општина Битола. Целта е својот бизнис да го развијат на овие простори, каде што би овозможиле производство на едно специфично фозило „Туркар“ кое може да се користи за различни потреби:
„Јас сум генерален директор на една турска фабрика која вработува 800 луѓе, а денеска и утре, заедно со амбасадорот сме во Република Македонија. Произведуваме земјоделски машини и едно уникатно теренско возило. Ние сме спремни да соработуваме со бизнисмени и општини од Македонија затоа што произведуваме возила што им се потребни на општините. Нашата фирма е со традиција. Голема благодарност за топлиот прием, и покрај добриот впечаток се надевам на поголема соработка. Градоначалникот детално ме запозна со поволностите кои ги дава општината. Јас му честитам и на Градоначалникот и на Амбасадорот за оваа посета која верувам ќе вроди со економска соработка, изјави Фазли Туркер, Генерален директор на компанијата Хисарлар.
Амбасадорот Таскоски, верува дека Битола ќе биде вистинската локација во која ќе инвестира турскиот бизнисмен:
„Денес сме во Битола со комапнијата Хисарлар од Ескишехир, најголемата компанија за производство на земјоделска механизација, опрема, за производство на кабини за трактори и производство на теренско возило Турккар. Поканети се и Градоначалниците од Новаци и Могила и да ја претставиме оваа компанија најдобро, затоа што компанијата има намера да инвестира на Балканот. Со Градоначалникот Талески ги претставивме можностите во Индустриската зона. Со денешниот настап на Градоначалникот мислам дека 90% ги убедивме, изјави Горан Таскоски, амбасадор на Република Турција.
Градоначалникот Талески, пре турските бизнисмени ги презентираше и кадровските потенцијали со кои располага општината, а кои значително можат да помогнат во процесот на производство, а од друга страна пак, со тоа да ќе се создадат и услови за нови вработувања на граѓаните:
„Убеден сум дека оваа делегација е една од најсериозните турски делегации кои благодарение на амбасадорот во изминатиот период ја посетија нашата општина. Оваа делегација едноставно се интересираше за условите на општината, се разбира дека го понудивме најдоброто што го имаме, условите што ги дава Владата на Република Македонија, условите што ги дава општината и се разбира се понудивме со просторно решение за потенцијалните инвеститори, односно Индустриската зона Жабени. Во првата фаза целта е да се направи фабрика која што ги монтира деловите на ова возило кое би се монтирало во Битола, а доколку има интерес и продажбата се движи според предвиденото во следната фаза се очекува да се направи фабрика што ќе произведува такви возила“, изјави Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески.