ОДБЕЛЕЖАН СВЕТИ ТРИФУН ЗАШТИТНИК НА ЛОЗАРИТЕ

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТИ ТРИФУН ЗАШТИТНИК НА ЛОЗАРИТЕ

 

Свети Трифун, Празникот заштитник на лозарите и градинарите, денеска беше одбележан во Битола. Со благослов за поголем бериќет беа закроени лозјата на Лозар Пелистерка. Оваа година сопствениците очекуваат побогат род:
 
„Минатата година беше сушна година, не беше добра, но оваа година како што одат најавите мислиме дека ќе има добар род и планираме да вршиме доста обнова на старите лозови насади, со оглед на тоа дека веќе потпишавме договор со Министерството за земјоделство, така што нема никакви правни пречки. Овде имаме план да ја преселиме винарската визба и да направиме културно туристички центар. Со Градоначалникот се договараме за помош преку политиката за рурален развој, изјави Цветан Панделевски, еден од сопствениците на „Лозар – Пелистерка“.
 
Денешниот празник на лозарите им го честита и Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески
 
„Денес го честитам Св. Трифун, празникот на лозарите. Овде сме затоа што Лозар има најмногу лозови насади. Владата изминатите години покажа многу разбирање за поддршка на земјоделците. Овде ќе се прави една голема винарија, еден комплекс кој ќе значи заживување и обновување на лозовите насади. Денеска сме овде, им посакувам се најубаво со надеж дека оваа година ќе имаат добар род. Им го честитам денешниот ден и им посакувам добар род, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.