СИТЕ ДА СПОРТУВАМЕ

СИТЕ ДА СПОРТУВАМЕ

 

„Сите  да спортуваме“ – проект наменет за секого. Под ова мото денеска во Спортската сала „Павел Шатев“ започна воведната активност во овој перспективно значаен проект кој ќе ги вклучува сите ученици од основните и средните училишта:

„Ова денес е воведна активност на проектот кој треба да стартува во идниот период и е насловен како „Сите да спортуваме“. Со овој проект во координација со Општина Битола и Градоначалникот Владимир Талески ќе бидат опфатени сите основни и сите средни училишта, на Општина Битола, а се надевам поанатаму и на регионално ниво. Со овој проект ќе им се даде можност на сите ученици кои не се активни спортисти, а имаат желба да спортуваат, а досега немале можност од било кои причини. Во овој проект ќе бидат вклучени сите спортови и најразлични спортски содржини со забавен карактер, изјави Проф Кире Грбевски.

Градоначалникот Талески помеѓу младите луѓе се потсети на деновите кога тој спортуваше и нагласи дека оваа спортска сала е потврда дека новоизградените спортски сали се употребуваат наменски и во функција на правилен развој на младите луѓе:

„Сите да спортуваме е одличен проект кој пред извесно време го предложи професорот Грбевски. Иницијативата негова е многу добра и јас го охрабрувам до крај да ја реализира својата идеја. Дисциплините се неограничени. Ние ќе помогнеме Професорот предлага да се пријавиме за Гинисов рекорд, а доколку тој е подготвен тоа да го организира ние ќе помогнеме затоа што сакаме и одлучивме, а за тоа издвоивме и средства во буџетот, спортот во Битола во идниот период да биде актуелна тема, изјави Градоначалникот М-р Владимир Талески.

Градоначалникот нагласи дека во следниот период предвидена е изградба на седум нови спортски сали за основните училишта. Општина Битола продолжува со поддршка на сите квалитетни проекти од областа на спортот.