Средба на градоначалникот Владимир Талески со новоизбраниот грчки конзул во Битола

Средба на градоначалникот Владимир Талески со новоизбраниот грчки конзул во Битола

 

Градоначалникот Владимир Талески денес ја оствари првата работна средба со новоизбраниот конзул на Република Грција во Република Македонија, Елени Порихи. На средбата беше потврдено дека пограничната соработка меѓу општините од двете држави продолжува, а во идниот период се очекува реализација и на други проекти.

-Имаме многу можности за соработка и тоа ќе му го понудиме на граѓаните. Во Битола доаѓам од Пакистан, и прекрасно се чувствувам во вашиот град, изјави Елени Порихи.

Градоначалникот Владимир Талески нагласи дека и понатаму продолжува соработката со Лерин, Воден, Кожани Костур и Солун и заеднички со грчките општини, Општина Битола ќе учествува во меѓународни проекти.

-Ја поздравувам добрата желба на конзулката за подинамична соработка. Имаме многу европски проекти од пограничната соработка што заеднички ги работиме, а еден од најзначајните што во моментов се реализира е реконструкцијата на битолската „Зоолошка Градина“. Верувам дека во наредниот период ќе изработиме проекти кои се за доброто на граѓаните од двете страни, изјави Градоначалникот М-р Владимир Талески.

Наскоро се очекува новоименуваниот амбасадорна Република Грција во Република Македонија да ја посети Општина Битола.