Во Центарот за унапредување на туризмот беше промовиран пропаганден материјал за кампањата за проектот „Битола нова светска дестинација за венчавки“. Со поддршка на Општината и Градоначалникот Талески се издадени македонско/англиски разгледници за Битола кои промовираат автентични локации со стара архитектура, модерни објекти, природни убавини во градот и околината во сите сезони.
Исто така е изработен и краток промотивен филм за Битола. Проектот е поддржан и од Центарот за унапредување на туризмот кој овој пропаганден материјал ќе го промовира во странство при учеството на саеми.
Целта на проектот е привлекување на туристи во Битола а со тоа и економски развој на градот.