ДЕНОТ НА РОМИТЕ ОБЕЛЕЖАН СО ЗАМЕНА НА АЗБЕСНИТЕ ЦЕВКИ ВО НАСЕЛБА БАИР

ДЕНОТ НА РОМИТЕ ОБЕЛЕЖАН СО ЗАМЕНА НА АЗБЕСНИТЕ ЦЕВКИ ВО НАСЕЛБА БАИР

Градоначалникот Талески ја посети улицата „Мирче Ацев“ во населба Баир  каде ЈП „Водовод“ започна со поставување на нови водоводни цевки во должина од 300 метри. Замената на овие водоводни цевки се прави со средства кои општината ги има добиено од Владата на РМ за декадата на Ромите како и општински средства во вкупна вредност од три милиони денари.
Во рамките на Декадата на Ромите општината планира повеќе проекти во насока на подобрување на условите за живот во населба Баир.