РАБОТИЛНИЦА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ПЕЛАГОНИЈА

РАБОТИЛНИЦА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ПЕЛАГОНИЈА

Во рамките на проектот „Искористување на регионалните потенцијали за развој на туризмот “ на Пелагонија –ПРЕДА, во Битола се оддржа втората работилница од Пелагониската туристичка платформа.
Присутните ги поздрави Градоначалникот Талески кои ги изнесе заложбите на Општина Битола во насока на развој на туризмот како и пропратните проекти кои се во фаза на реализација се со цел за што поголем развој на туризмот во регионот.
На работилницата зборуваше и претставникот од Министерството за економија кој ги појасна владините политики за субвенционирање на странски туристички промет како и објасни измените на законот за туристичка дејност во РМ.