БИЗНИС ВЕЧЕР НА СЛОВЕНЕЧКО –МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС КЛУБ

БИЗНИС ВЕЧЕР НА СЛОВЕНЕЧКО –МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС КЛУБ

Во организација на Амбасадата на Р. Словенија во РМ, Словенечко-македонскиот бизнис клуб, Општина Битола, Регионалната стопанска комора  се оддржа бизнис вечер на која се претставија членките на словенечко – македонскиот бизнис клуб.
Присутните стопанственици од Битола и Словенија ги поздрави Амбасадорот на Р Словенија во РМ , Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, во име на Градоначалникот на Општина Битола ги поздрави Трајан Котевски –директор на ИЗ Жабени и од Регионалната стопанска комора Благој Стојчев.
 
Граѓаните на Битола можеа да се запознаат и да ги пробаат производите на 17 словенечко македонски фирми кои своите производи ги презентираа на платото пред Народниот театар.