ОБЕЛЕЖАНИ 10 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛИТЕ ВО КОНФЛИКТОТО ВО 2001

ОБЕЛЕЖАНИ 10 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛИТЕ ВО КОНФЛИКТОТО ВО 2001

На обележувањето на 10-годишницата од загинувањето на битолските бранители во конфликтот во 2001 во Вејце и Гајре, беше откриен споменикот –ангел на бранителите во паркот пред Саат –кулата.
Свежо цвеќе положија Градоначалникот Талески, претставници на Советот на Општина Битола, семејствата на загинатите, претставници на армијата и полицијата.