Туристички информативни паноа

Туристички информативни паноа

 

ТУРИСТИЧКИ ИНФО ЦЕНТАР – БИТОЛА

Туристичкиот Инфо Центар е формиран во јуни 2006 година, со финансиска поддршка од Светската Банка и Министерството за култура на Р. Македонија,  како дел од проектот за “Развој на општините и културата”. 

Од самиот почеток на своето работење ова тело е финансиски поддржано од Општина Битола.

Основната причина за формирање на едно вакво тело е согледувањето на потребата за развој на туризмот во градот и промовирање на градот Битола надвор од нашата држава.

Туристичкиот инфо центар е лоциран во строгиот центар на градот во непосредна близина на Градскиот часовник во поранешниот музеј Вагнер,објект кој е заштитен со закон.

Во изминатиот период на своето работење ова тело покажува успешни резултати : зачленувањето на Битола во Европската асоцијација на градови со богато културно и историско наследство EAHTR  и Балканската мрежа на градови и региони со историско центри. На првиот меѓународен саем за туризам во Охрид кој се одржа во јануари 2008 година, Туристичкиот Инфо центар беше награден со специјална награда за особен придонес за развој на туризмот и други успешни меѓународни претставувања.

Туристичкиот инфо центар работи постојано, во текот на целата година. Тој е еден од најактивните туристички инфо центри во целата држава. 
Во досегашното работење еден од најзабележителните проекти на овој центар е проектот “Следи ја златната линија” кој се состои од повеќе делови. Во рамките на овој проект се изработи современа туристичка мапа на центарот на градот, се изработи туристичко промотивно ДВД на 4 странски јазици, се поставија и информативни паноа/ билборди на повеќе локации низ градот.

 Туристичкиот инфо центар во моментот работи на:

  • соработка со Општина Битола на локален развој
  • соработка со туристичките и угостителски субјекти во Битола
  • изработка на разновиден промотивен материјал за градот и негова дистрибуција,
  • подготовка за учество на странски меѓународни саеми за туризам за меѓународна промоција на Битола,
  • подготовка за учество на филмски ревии за туристички филмови,
  • ажурирање на податоците за градот во странските туристички водичи,
  • водење на секојдневна статистика за бројот на туристи кои го посетуваат центарот,
  • воспоставуавње на контакти со странски туроператори и туристички агенции кои имаат интерес да ја стават Битола во нивната понуда.

 Услуги кои ги нуди Туристичкиот инфо центар :

  • сервисни информации на странските и домашни туристи кои доаѓаат во Битола;
  • информирање на туристите со се што може да се види и посети  во Битола;
  • информирање за културните настани кои се одржуваат во градот итн.
  • информирање на туристите за гастрономската и хотелската понуда на градот, резервации;
  • дистрибуција на мапи, брошури и друг промотивен материјал;
  • ангажирање на туристички водичи за групи на туристи;
  • информирање на туристите за возниот ред, автобуски превоз, такси;
  • рент а кар услугите,
  • местата кои можат да ги видат низ цела Македонија и др.

Туристички Инфо центар несомнено влијае на развој на туризмот, особено културниот туризам.

контакт:
Елена Петровска
м-р Ирена Ружин

Туристички Инфо Центар,
Ул. Стерјо Георгиев бр. 1, 7000 Битола

Тел: 047/241-641

www.bitolatourist.info