ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ

Со полагање на цвеќе на споменикот на револуционернтата борба, на споменикот на Стив Наумов и партизанските гробишта  беше завршено одбележувањето на 11 Октомври.
Градоначалникот на Битола, претседателката на Советот на Битола, делегации на Сојузот на борци на Битола, делегации на политичките партии и нивните подмладоци се вклучија во одбележувањето на Денот на востанието на македонскиот народ со полагање на свежо цвеќе
Сите присутни на денешното полагање на цвеќе се потсетија на тоа дека на денешен ден пред 70 години, за прв пат во 1941, одекнаа истрелите од пушки во Прилеп и Куманово, со цел народот да се ослободи од тиранијата.
Чествувањето заврши со свечена приредба од учениците на основното училиште „Коле Канински“,  кои положија цвеќе на гробовите на паднатите борци од Битола.