4 – НОЕМВРИ –ПОЛАГАЊЕ НА СВЕЖО ЦВЕЌЕ

4 – НОЕМВРИ –ПОЛАГАЊЕ НА СВЕЖО ЦВЕЌЕ

 

   Празнувањата започнаа со полагање на цвеќе на споменикот на НОАВМ на плоштадот “Гоце Делчев”. Цвеќе на споменикот положија покрај Градоначалникот  Талески и претседателот на Сојузот на борци од Битола, Илија Малески, делагација на Советот на општина Битола, делегации на збратимените градови на Битола, Стари град- Белград, Бурса-Р.Турција  и Епинал-Р.Франција, дегегации на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП, Подем, претставници на невладини организации и групи на граѓани.
По полагањето на цвеќе на споменикот пред Центарот за култура, делегации положија цвеќиња на партизанските гробишта во Битола и на гробовите на бранителите кои ги загубија животите во конфликтите во 2001 година.