ПАНИХИДА И СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА БРАЌАТА МАНАКИ

ПАНИХИДА И СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА БРАЌАТА МАНАКИ

 

   Денес се одбележаа 48 години од смртта на Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот, како и 58 години од смртта на неговиот брат Јанаки Манаки.  Беше одржана панихида, а свежо цвеќе положија Градоначалникот Владимир Талески, Комуната на Власите „Браќа Манаки“, почесниот конзул на Романија, претставници на народна техника, Партијата на власите, Демократскиот сојуз на власите, како и претставници на Кинотека на Македонија.
„Нивното дело е лична карта за Битола.  Не случајно во нивните филмови гледаме настани од минатото на Битола.  Снимани се архитектури, обичаи, историски настани.  Нивното дело заслужува почит, рече Стефан Хаџи Антоновски од Комуната на Власите Браќа Манаки.
Во тој контекст, како почит на големото дело на Браќата Манаки Општина Битола е во фаза на изработка на проектната документација за киното на Браќа Манаки, кое се наоѓаше на Широк Сокак, пред ресторанот Корзо.  Градоначалникот Талески очекува оваа година да започне градбата на дел од фасадата на киното.