МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НИКОЛА ПОПОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НИКОЛА ПОПОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

 

   Министерот за надворешни работи Никола Попоски оствари работна средба со битолските стопанственици и Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.  На средбата се разговараше за актуелните состојби во доменот на економијата.  Министерот особено се интересираше за можностите за привлекување на странски инвеститори и промоција на Република Македонија како интересна дестинација во овој контекст, воедно и за испитување и создавање можности за зголемен извоз за македонските претпријатија во странство.  „Во тој контекст, од особена корист ни е директниот контaкт кој го имаме со стопанствениците и можностите да им понудиме дополнителна улога во нивна афирмација во странство“, изјави министерот Попоски.
Градоначалникот Талески потсети на големите инвестиции во Битола и нагласи дека во Битола се создадени услови за инвестирање, но она што ќе следува е потреба за поголем пласман на производството.
„Јас сум убеден дека за кратко време, за некоја година ќе се соочиме со еден чуден проблем многу поинаков од овој сега.  Мислам дека ќе се појави потреба многу повеќе од она што го имаме како потенцијал за вработување, што значи она што го правиме во нашата индустриска зона сега, нема да биде само за Општина Битола, туку за целиот регион, изјави Талески.