СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 105 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДАМЕ ГРУЕВ

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 105 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДАМЕ ГРУЕВ

 
По повод 105 години од смртта на македонскиот револуционер Дамјан Груев, во Големата сала на Центарот за култура се одржа свечена академија.  Организатори на настанот се Здружение на граѓани поддржувачи на ликот и делото на Дамјан Груев, македонското научно друштво од Битола и Општина Битола.
Ристо Груевски, претседателот на здружението „Дамјан Груев“, потсети за злокобната вест која пред 105 години, одекна од беровското село Русиново, веста за смртта на апостолот на македонското револуционерно дело. 
„Македонија остана без човекот што направи натчовечки напори за слободеа на својата земја, без апостолот што го храбреше измачениот македонски народ и ги сплотуваше револуционерните кадри во заедничка мисија за слободна и автономна Македонија“, рече Груевски во своето обраќање на свечената академија.
Во својот говор, посветен на големината и значењето на Дамјан Гриуев, Градоначалникот Владимир Талески нагласи дека Дамјан Груев е еден од најсветлите ликови во историјата на македонскиот народ кој со своето дело ја прослави и Битола.
Дамјан Груев загинал во 1906 година во борбата на врвот Петлец кај Русиново.