ЗАНАЕТЧИИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА СВОЈОТ ЗАШТИТНИК – СВЕТИ СПИРИДОН ЧУДОТВОРЕЦ

ЗАНАЕТЧИИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА СВОЈОТ ЗАШТИТНИК – СВЕТИ СПИРИДОН ЧУДОТВОРЕЦ

 
На денот на својот заштитник, Свети Спиридон Чудотворец, регионалната занаетчиска комора организираше традиционална свеченoст.  Оваа година организатор на забавата беше Авто мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“.   Занаетчиите потсетија на придобивките кои ги имаше Битола од развојот на некогашните занаети, како и од големата опасност од изумирање на некои од занаетите која им се заканува поради тоа што младите не покажуваат особен интерес за нив.  Регионалната занаетчиска комора настојува преку бројни свои активности да го зголеми интересот за занаетчиството кај младите, а со тоа Битола да го сочува обележјето кое го има Старата чаршија.
Општина Битола ја изрази својата поддршка за занаетчиството.  Градоначалникот Владимир Талески на занаетчиите им порача дека општината е отворена за соработка и ги очекува нивните предлози и проекти, со цел во рамките на своите надлежности да им ја даде потребната помош и поддршка.
Свети Спиридон Чудотворец се занимавал со земјоделство, живеел од својот труд, ги помагал сиромашните, а тоа е и причината поради која занаетчиите го слават за свој заштитник. 
На традиционалната занаетчиска свеченост, митрополитот г.Петар им порача на занаетчиите, но и на сите граѓани: „Да бидеме секогаш такви, каков што бил Свети Спироден Чудотворец: кротки, милозливи, добродетелни.
За свој кум за идната година занаетчиите го избраа Кире Стефановски од битолската фирма „Енигма“.