МИНИСТЕРКАТА ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

МИНИСТЕРКАТА ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска оствари работна посета со Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески и со директорите на културните институции од градот.
Министерката Канческа Милевска оцени дека културата во Битола е на одлично ниво, а како потврда за таквиот факт го истакна овогодишното најуспешно издание на Бит фест, кое фестивалот го издигнува на фестивал со големо реноме, а ја нагласи и успешната работа на Народниот театар кој со саботната премиера на театарската претстава „Јане Задрогаз“ изминатава година брои 8 премиери, големите резултати од работата на: Центарот за култура, НУУБ „Свети Климент Охридски“, ЗМГ – Битола. За време на нејзината посета министерката ги спомена и проектите кои со поддршка од министерството за култура ќе се реализираат во идниот период.  
Градоначалникот Владимир Талески нагласи дека со поддршка од министерството за култура идната година ќе започне реконструкцијата на киното „Балкан“ на Браќата Манаки.  Дел од активностите ќе започнат во 2012 година, прво ќе се започне со фасадата кон Широк Сокак , а ентериерот во зависност од проектот ќе биде релативно променлив.  Објектот ќе се реконструира во неколку фази, а ќе биде опремен со најсовремена техника следејќи ги светските примери.  Со реконструкцијата на киното им се оддава почит на Браќата Манаки, а гостите кои ќе доаѓаат за време на фестивалот ќе можат полесно да се запознаат со историјата.