На годишната средба со новинарите Градоначалникот Талески информираше за големиот број реализирани проекти, оценувајќи ја изминатата 2011 година како успешна година. Градоначалникот Талески потсети на големот број реализирани проекти изминатата година, нагласувајќи дека Битола инфраструктурно постојано се надградува, се развива, се афирмира во голем број културни средини. Ваквиот начин на развој овозможува чести контакти со збратимените градови на Битола, што пак дополнително позитивно влијаеше врз олеснувањето на процесите на децентрализација.
Талески нагласи дека изминатата година се надминаа и сите проценки околу Индустриската зона „Жабени“, затоа што покрај „Кромберг и Шуберт“ во ИЗ Жабени има уште 12 други инвеститори кои изминатата година купија парцели во зоната, две одобренија за градба веќе се издадени, а напролет се очекува да започнат и градежните активности во зоната.
Градоначалникот Владимир Талески направи ретроспектива и на останатите дејности во кои Општина Битола изминатата година покажа големи резултати, потсетувајќи на повеќето признанија кои во годината што изминува и беа доделени на Општина Битола. Ваквиот начин на работа, насочен кон овозможување на квалитетни услуги и услови за живот на граѓаните, продолжува и во 2012 година.