На денот на заштитникот на Битола, Свети Нектариј Битолски, во Црквата Свети Великомаченик Димитриј со почеток во 8.00 часот се одржа света божествена литургија, а веднаш потоа и литија – носење на моштите на Свети Агатангел Битолски низ улиците на централното градско подрачје. Литијата беше проследена со присуство на голем број битолчани.
