ТЕМАТСКА ДЕБАТА- АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА

ТЕМАТСКА ДЕБАТА- АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА

Битола е еден од градовите  каде се одржа тематска дебата  со членовите на Европскиот парламент, амбасадори на државите-членки на ЕУ во Република Македонија, пратеници во Собранието на РМ, универзитетски професори, аналитичари, новинари, граѓани итн.
На настанот како меѓународни говорници учествуваа: Жан-Клод Шлумберже, амбасадор на Франција, Кристофер Ајвон, амбасадор на Обединетото кралство и Улрике Марија Кноц, амбасадор на Германија. Дополнително како меѓународни говорници на настанот ќе учествуваат професорот Карлос Мореиро од Универзитетот Карлос III од Мадрид и Хорхе Нуњез Ферер, придружен истражувач од Центарот за изучување на европските политики од Брисел
Настанот  го прогласија  за отворен Владимир Талески Градоначалник на Битола, Фани Каранфилова-Пановска од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија и м-р Сашо Додовски директор на Младински културен центар – Битола.