Во посета на Битола беше делегација од Долна Нормандија, која оствари средба со Градоначалникот Владимир Талески. Целта на посетата беше продлабочување на соработката помеѓу Битола и Долна Нормандија, особено во сферата на развој на културниот туризам, образованието и стопанството.
