Акцијата за собирање отпадни пластични шишиња ДЕНАР ЗА ШИШЕ се реализира за време на викендот од 24 до 25 март

Акцијата за собирање отпадни пластични шишиња ДЕНАР ЗА ШИШЕ се реализира за време на викендот од 24 до 25 март

 

   Акцијата за собирање отпадни пластични шишиња ДЕНАР ЗА ШИШЕ се реализира за време на викендот од 24 до 25 март , од 10 до 14 часот на 4 собирни пунктови и тоа кај : Оу Тодор Ангелевски, кај ОУ Климент Охридски, пред Веро (нас.Ремо) и пред Центарот за социјални грижи.Општина Битола ја спроведе оваа кампања по вторпат а во рамките на големата пролетна Акција НЕКА БИДЕ ЧИСТО -ПРОЛЕТ 2007. Како и минатата година, и оваа интересот меѓу граѓаните беше огромен и се собраа над 150 000 отпадни пластични шишиња . Акцијата беше иницирана од Градоначалникот на Битола, Владимир Талевски кој во саботата го посети собирниот пунктот пред Центарот за социјални грижи и уште еднаш потенцира дека Општината на овој начин покрај тоа што директно придонесува за почист град се труди да ја подигне јавната свест за зачувување на животната средина.