Иницијативниот одбор на граѓанската иницијатива „Ден на дрвото“ предводена од врвни уметници : Борис Трајанов, Каролина Гочева, Виолета Томовска во посета на Битола од каде ја започнаа акцијата за пошумување. Тие имаа работна средба со Градоначалникот Талески, локални политичари, јавни институции од образованието и културата, а потоа сите заедно засадија неколку дрвца на месноста Баир кoja беше најпогодена за време на пожарите и пред средното техничко училиште Ѓорги Наумов“. Ова е само најава на акцијата за пошумување која ќе биде на 12 март кога се планира засадување на 2 милиони садници за секој жител на Р Македонија по едно.