АКЦИЈАТА „ДЕН НА ДРВОТО-ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА“ ВО БИТОЛА

АКЦИЈАТА „ДЕН НА ДРВОТО-ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА“ ВО БИТОЛА

Акцијата за пошумување „Ден на дрвото-засади ја својата иднина” по шести пат се одржа во Општина Битола, со која се  засадија  околу 60 хектари кај месноста Бел камен со 240.000 садници од црн и бел бор, костен, јасен и багрем.
 Во акцијата „Ден на дрвото” активно се вклучи и Градоначалникот Талески, вицепремиерот Васко Наумовски, пратеници, советници,  претставници на јавниот сектор, комуналните претпријатија, граѓанскиот сектор и ученици.