ПРИМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ СВЕЧАНО ЈА ПУШТИ НОВАТА СПОРТСКА САЛА „ПАВЕЛ ШАТЕВ”

ПРИМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ СВЕЧАНО ЈА ПУШТИ НОВАТА СПОРТСКА САЛА „ПАВЕЛ ШАТЕВ”

Премиерот Никола Груевски, Градоначалникот Талески, Ректорот Жоглев свечено ја пуштија во употреба новата спортската сала “Павел Шатев” во кругот на студенскиот дом во Битола. На свеченоста присуствуваа министрите Иво Ивановски, Зоран Коњановски, пратениците Никола Котевски и Анета Стефановска, директорите на основните и средни училишта и др. љубители на спортот.
Градоначалникот  Талески изјави дека оваа сала е дел од придобивките кои ги има локалната самоуправа од взаемното практикување на централната и локалната власт и ги најави новите спортски сали и едно фудбалско игралиште кои се во изградба.
Премиерот Никола Груевски заблагодарувајќи се на Градоначалникот Талески и Ректорот Жоглев кои дадоа голем придонес во изградбата на сортската сала, ги најави  двата спортски центри кои ќе се градат во основните училишта “Тодор Ангелевски” и “Ѓорѓи Сугарев”. Со овие вложување во спортски објекти ќе се подобри квалитетот на живот на битолчани и ќе имаат повеќе простор за спортување.
Спортската сала има простор и опрема за комплетно изведување на наставните програми и за одржување на студенстките лиги во сите спортови.