Градоначалникот Талески оствари работна средба со Управниот одбор на ЕВН Македонија предводен од претседателот Г-дин Хенгст.
На средбата се разговараше за тековните и идни активности и проекти на Општина Битола со ЕВН како што се забрзување на изградбата на двете трафостаници во ИЗ „Жабени“, реализација на развојните планови на општината околу уличното осветлување и др тековни активности.
Оваа средба Градоначалникот Талески ја оцени како позитивна и во интерес на идната соработка. Исто така се заблагодари на досегашната соработка и реализирани заеднички проекти како што е промена на дел од електричната мрежа во населба „Баир“.