По седми пат се реализира акцијата засадија својата иднина-Ден на дрвото. Во акцијата учествуваа Градоначалникот Талески, Министерот за одбрана Зоран Коњановски, министерот за информатичко општество Иво Ивановски, претставници од јавните претпријатија, општинската администрација, училиштата.
Се посадија околу 150 000 садници на 50 хектари во месноста „Белкамен“ се садеше бел и црн бор, даб и чемпрес.